Вести
Ме уценуваа со монтирани фотографии , реагира директорот на кумановската гимназија по објавувањето на експлицитните фотографии( Аудио)
По објавувањето на фотографиите со експлицитни содржини со ликот на Горан Димитриевиќ, директор на кумановската гимназија се огласи и директорот кој вели дека бил уценуван со монтирани фотографии.
„Ми беа побарани 8 500 евра , но јас не превземав ништо, немам непријатели и незнам каква позадина има случајот„-вели Димитриевиќ.
Тој тврди дека неговиот фејзбук профил бил хакиран и дека од непознато лице биле поставени монтирани фотографии со непристојни содржини.
Случајот директорот на гимназијата го пријавил во полиција и се надева дека сторителите ќе бидат откриени и казнети.
Од Министерството за образование немало никакви реакции и насоки како да постапува, ниту пак била инспратена инспекција.
Димитријевиќ вели дека е жртва во целиот случај и дека ќе треба да се докаже кој го злоупотребил неговиот идентитет.
.








