Вести

Лицето кое јавно се откажува од НСДП, не е наш член реагираат од НСДП од Куманово

По објавените информации дека член на НСДП од Куманово  ја напуштил партијата незадоволен од политиката на претседателот на партијата ,  се огалсија и од НСДП општинска организација од Куманово. Во соопштението велат дека лицето кое се претставува како член на НСДП не го познаваат и дека тој не е член на НСДП.

Во соопштението од НСДП стои :

“Почитувани сограѓани, почитувани членови и симпатизери на НСДП , почитувани медиуми, НСДП ОО Куманово известува дека учесникот на преотестите ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, лицето кое јавно изразува незадоволство од работата на НСДП и од работата на Претседателот на НСДП Тито Петковски не е член на НСДП”.

Radio Bum

March 3rd, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *