Вести
Вулгарни закани кон семејството на градоначалникот на Куманово од учесниците на протестот “За заедничка Македонија”
“Јас ги подржувам протестите како демократска придобивка за начин на изразување на незадоволство, но насилни протести со закани по безбедноста и животот излегува од рамките на демократијата”– , вели градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски, како реакција на песната упатена од Предраг Петрушевски-Бинго, со индиректна закана дека некој ќе му ја убие фамилијата на Дамјановски, на синоќешниот протестен марш организиран од граѓанското здружение “За заедничка Македонија”.
Петрушевски, кој е претседател на здружението “Бранители”, индиректно со вулгарни зборови, упати закани по живот на семејството на Зоран Дамјановски.
„Индивидуалните испади на поедини хулигани нема да ги коментирам, јас сум тука, слободен граѓанин на Куманово и Македонија”– вели градоначалникот на Општина Куманово.
“Тоа се кукавици кои немаат кредибилитет во Општеството и користат комплицирани политички услови да го изразат својот однос кон општеството. Со такви закани се прави една бариера и интеретнички конфликти”- изјави Дамјановски.









