Вести
Да се најдат и казнат напаѓачите на претепаните новинари на А1он
По завршувањето на протестот на граѓанската иницијатива „За заеднича Македонија“ во Скопје со тупаници и со клоци од зад грб биле нападнати новинарите на веб порталот А1он.
Нападнати се новинарите Влатко Желчевски и Александар Тодевски кои во моментов се наоѓаат во ургентниот центар и примаат инфузија. Во нападот била скршена и камерата во сопственост на порталот.
Редакцијата на радио Бум најостро го осудува нападот на новинарите. Уредникот на Бум бара од полицијата да ги најдат и да ги казнат напаѓачите кои само ја извршувале нивната работна задача. Напад на новинари е директен напад на демократијата и слободата на говорот.








