Вести
Навредливи графити напишани на улицта пред домот на пратеникот Максим Димитриевски – фото
Непознати сторители ноќеска на улицата Ристовац , каде што живее пратеникот од СДСМ Максим Димитриевски, пред семејниот дом, со спреј испишале графити со навредливи содржини кон пратеникот.
“Максо предавник, Максо албански слуга, Максо дали Куманово заслужи двојазичност, Максо гробар на Македонија”- со спреј е напишано на асфалтот на улицата Ристовац .
Случајот е пријавен во полиција , а Димитриевски на социјалните мрежи напиша
“Лично го прашувам тој изманипулираниот што го напиша оваа пред мојот дом:
– Дали воопшто ме познаваш барем малку човеку?
Очајнички се вашите обиди за манипулација со јавноста”- напиша Максим Димитриевски на социјалните мреж.
Димитриевски, рече дека со повеќе информации ќе излезе во текот на денот.











