Вести

Тони Трајковски од МААК , Хомосексуализам како болест треба да добие бесплатен лекарски третман

Тони Трајковски од МААК , Хомосексуализам како болест треба да добие бесплатен лекарски третман

Хомосексуализмот да се оквалификува со вистинско име , како болест и да влезе со бесплатно лекување во здравствениот систем, побара Тони Трајковски, советник во советот на општина Куманово застапувајќи ги интересите на неговата матична партија ,  МААК, откако на седницата на советот на општината беше поставена точка за формирање на Координативно тело за заштита од дискриминација.

Трајковски вели дека со предлагање на координативно тело се подржува оваа девијација во психофизичкиот развој и системско уништување на традиционално здраво семејство, помеѓу маж и жена.

“Јас како советник утре ќе треба да венчам маж со маж или жена со жена на што сум против и ќе се борам до крај”-, рече Трајковски.

Претседателката на комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените, Драгица Велковска рече дека се одржала седница и едногласно сите членови дале поддршка и побара од советот да ја изгласа.

И покрај противењето на Трајковски кој во советот на општина куманово е во коалиција со ВМРО ДПМНЕ и е во опозиција , сепак точката се изгласа и беше донесена одлука за формирање на Координативно тело за заштита од дискриминација.

Radio Bum

February 23rd, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *