Вести
Се одложи завршниот збор Цветковски против Заев
Обвинетите немаат храброст да се соочат на суд и ја користат секоја можност да се одложи судењето за да добијат на време, изјави Виктор Цветковски генерален секретар на ГРОМ на денешното судско рочиште против Зоран Заев, Мартин Костовски И СДСМ како правно лице , кој ги тужи за неовластено снимање и објавување на телефонски разговори во бомбите.
На денешното рочиште не се појавија обвинетите , а бранителот ја повлече изјавата на Мартин Костовски , за што Цветковски вели дека само оди во прилог на признание на делото. Денешното рочиште се одложи за петок кога ќе биде и завршен збор.
СДСМ и првите луѓе на СДСМ се основано осомничени за кривично дело неовластено снимање и објавување на телефонски разговори, вели Цветковски и се надева дека според сите правни и законски рамки обвинетите ќе бидат и осудени .
Оливер Ристевски, овластен застапник на одбраната, рече дека поради неодложна работа , закажана јавна седница на апелациониот суд во Битола, на судењето не можеше да се појави правниот застапник Мирослав Вуиќ кој побара завршниот збор да биде во петок.








