Вести
13 Февруари, светски ден на радиото
И покрај современата технологија , радиото останува најраспространет медиум кај популацијата. Во 2011 година на 13 Февруари од страна на Обединетите нации е прогласен и светски ден на радиото како сеќавање на 1946 година кога било основано и радио на Обединетите народи.
Целта на Светскиот ден на радиото е да се подигне јавната свест за вредноста на радиото .
Брзината на емитуваната информација го прави радиото како број еден за информирање.
Радиото го користат 95 % од светската популација бидејќи има лесен пристап, а од направеното истражување 75 % од домаќинствата имаат радио приемник.








