Вести
Бегалците од Табановце ноќеска транспортирани во Грција
Според договорената реадмисија со Грција , 47 бегалци од Сирија се однесени во Грција, информира Горан Стојановски, одговорен за транзитниот камп за бегалци на Табановце.
Според Стојановски, сега во кампот има 46 бегалци ,но бројката варира.
Одлуката за враќање на бегалците во Грција е според договорената реадмисија, а доаѓа веднаш откако министрите на ЕУ договорија рутата за бегалци и мигранти да остане затворена до април кога се очекува ревидирање на одлуката за тоа што ќе се случува со бранот бегалци.
Стојановски вели дека дел од бегалците биле среќни што ќе заминат за Грција, но имало и дел од нив кои ја започнале постапката за азил и биле разочарани од одлуката за реадмисија.
До вчера во транзитниот камп Табановце престојуваа 93 бегалци, воглавно семејства од кои само едно семејство од Ирак, а останатите од Сирија.
Условите за живот се тешки но бегалците не се откажаа од намерата дека ќе се отвори балканската рута која беше затворена точно пред една година и дека ќе стигнат до нивната крајна дестинација.








