Вести

Алек Роберт и Ива Каранфиловска во Москва ја претставија Македонија како земја на сонцето и убавина – фото

Со награди, признанија и титула Принц на Универзумот 2017, девет годишниот Алек Роберт од Куманово се врати од Москва , каде учествуваше на изборот за принц и принцеза на Универзумот 2017 и Star Fashion 2017.

Алек во Москва ја добил и највисоката наградата Гранд при како главен победник на Star Fashion 2017, тој добил златен медал за костум изработен од Ивана Каран.

На изборот за принц и принцеза на универзумот во Моска ушествуваше и малата Ива Каранфиловска.

Во категорија до 6 години Ива ја доби титулата на Little Princess of Universe 2017 и сребрен медал за фустанот креиран од Ивана Каран .

Македонија за прв пат учествува на ваков конкурс и ние сме презадоволни од организацијата и постигнатите резултати на нашите деца , изјави Бранка Роберт која е и организатор од Македонија во соработка со Арт компанија Нови Ѕвезди од Бугарија. Таа беше и претставник во националното жири од Македонија. Македонија беше сонце на конкурсот во Москва , вели Бранка Роберт, децата со гордост ја претставија Македонија и сите наши обичаи, народни носии, пееа македонски песни, раскажуваа за сите убавини и ги поканија децата од целиот свет да дојдат и да ја посетат Македонија- вели Роберт.

Алек Роберт и Ива Каранфиловска се поканети да учествуваат на Fashion Week 2017 во Москва и на изборот на Model of The World кој треба да се одржи во август годинава.

Radio Bum

February 9th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *