Вести

Фатени крадци кои оперирале во транзитниот центар Табановце

Со патничко моторно возило натоварено со украдени работи од транзитниот центар во Табановце , каде што се сместени бегалците, 39 годишниот Н.М. од Табановце се обидел да им избега на граничната полиција.

Откако го забележале граничарите со преполн автомобил го сопреле, но тој одбил да застане и им избегал но не за долго.

По превземени мерки автомобилот марка Хјундаи бил пронајден, а го пронашле и сопственикот.

Во возилото откриле поголем количина на роба наменета за широка потрошувачка, гардероба, средства за лична хигиена , храна , шатори, вреќи за спиење, колици за деца и колици за инвалиди.

Но според информациите на полицијата Н.М. не бил сам во кражбата, заедно со него се осомничени и 37 годишниот Д.П и 41 Д.П. од Табановце.

По издадени наредби од Основен суд Куманово за претрес на дом и други простории од страна на полициски службеници на СВР Куманово извршен бил претрес во домовите на: Н.М 39 години, Д.П 37 години и Д.П 41 година сите од с.Табановце, при што се пронајдени и со потврда за одземени предмети се одземени: 99 вреќи, 40 шатори, 5 инвалидски колички, 20 колички за деца, 11 термо кебиња , 44 УНЦР кебиња , 11 јакни, 30 пара детски ракавици, 65 детски капи, 5 машки чевли, 2 детски патики, 19 машки зимски кондури, 2 детски кондури, 1 женски патики, 6 пластични влечки , 2 пара детски чизми, 5 пара патики, 1 ранец, 1 елек за спасување, 400 пакувања влажни марамици, 60 пак. женски влошки, 50 пак. памперс, 50ком. пластични чаши, 2 пара машки чизми, 62 пара чорапи, 5 тренерки , 2 фармерки, 4 пижами, 3 душеци, 1 маица, 1 шорц, 30 спреј за комарци автан, 24 марамици, 75 конзерви сардина адријус, 17 конзерви говедски, 8 боранија, 259 пасти за заби, 164 сапуни, 37 паштети конзерва, 100 пилешки паштети плави, 7 торби, 113 капи, 48 шалови, 58 ракавици, 148 бисквити и истите со записник за предавање на одземени предмети се предадени на Транзите центар Табановце – Црвен крст.

Во тек е целосно расчистување на настанот.

Radio Bum

February 8th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *