Вести
Самет Салиевски нов советник во советот на општина Куманово
Самет Салиевски од коалицијата на СДСМ е нов советник во Советот на општина Куманово.
Неговиот мандат денеска ,го верифицираше комисијата за верификација при советот на општина Куманово.
Салиевски влегува на местото на Максим Димитривески, на кој му престана мандатот во Совeт поради извршување на пратеничката функција.
Салиевски е вработен во ЈП Чистота и зеленило и е претседател на ромското културно-уметничко друштво „Рушид Шакир„, и организатор на „Рома-труба фест“.








