Вести

СВР Куманово, Ибраими починал од природна смрт, семејството револтирано

СВР Куманово, Ибраими починал од природна смрт, семејството револтирано

Според официјалните информации на СВР Куманово, Сефедин Ибраими починал од природна смрт. Во кумановската полиција случајот го пријавил лекар од служба на итна медицинска помош кој констатирал смрт на лице место.

Старецот со здравствена книшка бил тргнат на лекар за како што велат од семејството му препишат лекови но по пат паднал , по што некој од околните дуќани на улицата ЈНА повикале Брза помош.

Семејството е револтирано и тврди дека истиот се лизнал на мразот на тротоарот и починал и апелираат до локалната самоуправа да ги исчисти тротоарите и улиците.

Од локалната самоуправа велат дека екипите работат но поради екстерно ниските температури чистењето оди тешко. Тротоарите се чистат рачно.

Денеска екипите на јавното претпријатие  Чистота и зеленило се сконцентрирани околу училиштата да се исчистат тротоарите информираат надлежните.

Radio Bum

January 23rd, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *