Вести

Студени училници, замрзната вода и мраз по тротоарите до училиштата

Скратени часови , водата замрзнала во училиштата, а снегот и мразот е нерасчистен пред и околу училиштата во Куманово.

Родителите реагираат велат дека е потенцијална опасност како за учениците така и за родителите кои ги водат децата на школо.

“Водата е замрзната и ни кажаа дека ќе бидат скратени часовите, мраз и снег нема каде да се движиме , сега фрлаа и сол но треба да бидат многу внимателни децата”-, вели родител.

Родителите од Магдалена Антова од населба Карпош реагираат и велат дека децата второто полугодие го започнале во студени училници.

Директорот на Магдалена Антова, Жарко Димитриевиќ вели дека имале проблеми со системот за греење.

“Екипата за поправка работи и ќе биде санирано за наставата во втората смена да започне во топли училници”-, вели Димитриевиќ.

Според информациите на раководителот на секторот за образование , Жико Крстевски, наставата во второто полугодие започнала навремено во сите училишта.

Имавме технички проблеми со пукање на хидрантите за вода во основните училишта Браќа Миладиновци и Крсте Мисирков, но сега е санирано и без проблем е започната наставата.

Во Куманово во второто полугодие според Крстевски настава ќе следат 16 250 основци и 5 256 средношколци.

1

Утрово вработените од Чистота и зеленило започнаа со расчистување на тротоарите покрај училиштето Браќа Миладиновци и Крсте Мисирков.

Radio Bum

January 23rd, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *