Вести
Виктор Петковски го фати светиот крст во црквата Свети Никола во Куманово
Виктор Петковски го фати светиот крст во црквата Свети Никола во Куманово.
Петковски по седми пат учествува на оваа традиционална манифестација, а светиот крст е по втор пат е во неговите раце. прв пат најмногу имал среца во 2015.
Виктор Петковски има 22 години и е невработен. Очекува оваа година да биде среќна и да добие вработување.
“За сите христијани очекувам здравје, среќа и благослов. Ова ми е седми пат, на петти пат го фатив тука, сега повторно. На младите им порачувам да се охрабрат, времето не е ладно, Господ дава топлина, сите можат слободно да скокаат и да го почувствуваат чувството”- вели Петковски.
Од свештеништвото на подарок доби икона и свет крст.
Претходно во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и света литургија по повод празникот Богојавление.








