Вести
Кој е кумановскиот Супермен кој машки успеал да ги преврти контејнерите?
Утрово во строгиот центар на градот , на улицата Народна револуција , два контејнери беа превртени. Ѓубрето беше околу контејнерите, а оние кои сакаа да го фрлат ѓубрето не беа во можност, бидејќи совеста не им дозволуваше да се фрли ѓубрето наоколу.
Каде сега да ја бараме вината, кој сега треба да ни даде сметка за превртените контејнери? Кому му пречеа ? Дали некому му згрешија можеби нешто?
Ајде, ке кажеме дека некој требало да пријави во ЈП Чистота и да му дадат приоритет на алармираното место и да дојдат да го соберат ѓубрето и да ги кренат контејнерите. Но никој не се јавил. Камионот кој го собира ѓубрето дојде во секојдневниот термин. И нивната реакција беше загрижувачка и на температура минус 5 степени мораа да го собираат ѓубрето и да го поправаат тоа што некој несовесен силеџија го сторил за да се покаже дека тој е “Супермен”, а дека сите ние сме слуги на вакви “Супермени”!
Денеска ги превртеле контејнерите, сите си молчат и му даваат одобрување утре да превртат автомобили, па да запалат можеби дуќан или куќа или стамбена зграда…
Каде е полицијата? Кој треба сега да интервенира и да ги спречи силеџиите? Зошто никој не интервенираше на стореното? Зошто никој нема да понесе одговорност за ваков гнасен и подмол чин.
Каде е сега вината, во кого е? Каде да ја побараме одговорноста ?
Луѓето и совесните граѓани го прават општеството, а не ги прави општеството граѓаните.










