Вести
Првото бебе во Куманово е машко
Првото бебе родено во 2017 во Куманово е машко. Трета рожба на Сафие Арифова од Куманово.
“Бебето е родено во 8 15 минути со царски рез , тешко е 4 килограми и 500 грама. Во добра здравствена состојба се”- , информира доктор Даниел Милковски од Гинеколошко акушерското одделение при кумановската болница.
Мајката , Сафие Арифова , вели дека е пресреќна за рожбата.
“Дома имам син и керка, а оваа ни е најубавиот подарок за новата 2017 година”- вели Арифова.
Традиционално , мајката и бебето денеска ги посетија градоначалникот на Куманово , Зоран Дамјановски, кој кажа дека годинава како подарок за првото бебе е штедна книшка на која има една просечна плата.
“Посакувам многу здравје и среќа, како за бебето така и за мајката”-, рече Дамјановски и посака во новата година да има повеќе деца.
Во 2016 , во Куманово се родиле 1400 деца.









