Република Србија е благодарна на Република Северна Македонија за сè што прави за српската заедница која живее овде, а ние како матица секогаш ќе ги помагаме припадниците на српска заедница, а особено овие млади и перспективни луѓе бидејќи иднината е нивна
Амбасадорката на Република Србија во државата, Невена Јовановиќ за учениците кои настава изведуваат на српски јазик во кумановската гимназија „Гоце Делчев“ донираше учебници и лектири на српски јазик, а на учениците им се заблагодари што ја избрале можноста да учат на мајчин јазик и во средно образование.
– Учењето на српски јазик е важен дел во зачувување на српскиот идентитет и ја користам оваа прилика да се заблагодарам првенствено на гимназијата за можноста за изучување на српскиот јазик, да се заблагодарам на директорката на Управата за унапредување на образованието на јазиците на малцинските заедници, на нејзиниот личен напор и придонес во нашата успешна соработка. Република Србија е благодарна на Република Северна Македонија за сè што прави за српската заедница која живее овде, а ние како матица секогаш ќе ги помагаме припадниците на српска заедница, а особено овие млади и перспективни луѓе бидејќи иднината е нивна, изјави амбасадорката.








