Вести
Дел од пензионерите во Куманово два месеци оставени без пензија
Пензионерите од Куманово кои имаат остварено право на странска и македонска пензија, два месеци останаа без своите примања. Без никакво известување пензионерите минатиот месец не ја примиле својата пензија, а како што велат, откако се обратиле во подрчниот Фонд за пензиско и
На семејството Велковски од Куманово му е потребна нашата помош
Четири илјади денари се месечните примања со кои 47-годишниот Бране Велковски од Куманово треба да ги издржува сопругата и двете малолетни деца, двегодишниот Алексеј и Лана која има една година. Бране тешко се грижи и самиот за себе затоа што неговиот вид 95% е оштетен, а ...
Завчера немало пожар во канцеларијата на Црвениот крст, туку штекер се запалил кај Пазарна инспекција
Канцеларијата на Црвениот крст не била зафатена од пожар како што вчера информираше Регионалниот центар за управување со кризи. Денеска од таму појаснуваат дека пожарот бил во зградата на Општинската организација на Црвен крст Куманово, меѓутоа во канцеларија на Пазарниот ...
СВР Куманово со кривична за злоупотреба на службена положба и фалсификување исправа
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против А.З.(40) од Дебар и Н.Ѓ.(66) од Куманово за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, непознато лице за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, против М.М.(48) од ...
Реконструкцијата на Театар Куманово во буџетот за 2019 година
По скоро 60 години Националната установа Театар Куманово конечно ќе биде реконструиран. За таа намена се предвидени и средства во буџетот на Министерството за култура за 2019 година. Зградата на кумановскиот театар е изградена во 1947 година, но по седум години бил затворен,
Дваесетина кумановски села утре без струја
Прекини на електричната енергија за утре се најавени во 21 село во кумановскиот крај. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 11:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат селата Пелинце, Челопек, Никуљане, Муталово, Алгуња, Коинце, ...
Слаба излезност на протестот за чист воздух
Кумановци не се заинтересирани каков воздух ќе дишат, а доказ за тоа беше и денешниот протест под мотото „Излези за чист воздух“ на кој на градскиот плоштад излегоа едвај стотина граѓани од општина која брои над 120.000 жители. Протестот следува по 14 последователни дена ...
Kрводарителскa акциja во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“
Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина во СОУ Гимназијата „Гоце Делчев“ на ден 08.11.2018 година организираше крводарителскa акциja. Учениците како и вработените во Гимназијата уште еднаш ја ...
ЖРК Куманово го заврши својот настап во ЕХФ Челинџ Купот
Ракометарките на Куманово го завршија настапот во ЕХФ Челинџ Купот каде забележаа два порази од составот на Геониус Гален од Холандија. Во првиот меч кој се одигра во сабота во градската спортска сала избраничките на тренерот Зоран Јосимовски безуспешно се мачеа да бркаат ...
КК Куманово лесно против Пелистер
Кошаркарите на Куманово го прекинаа билансот од два последователни порази, откако викендов на гостински терен без проблем го совладаа составот на Пелистер од Битола со резултат 67:87. Уште на самиот старт кумановци ја прикажаа доминацијата. За првите 10 минути игра направија








