Вести

Заев пред судот во Куманово-незаслужено го поштедив Цветковски од другите разговори

Заев пред судот во Куманово-незаслужено го поштедив Цветковски од другите разговори

Незаслужено го поштедив Виктор Цветковски од дополнителна објава на  други разговори кои беа во рамките на одлуката во органите на партијата , велам незаслужено бидејќи истиот тој е јавна личност со политичка дејност.  А имаме индиции дека тој со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска направиле  злоупотреба на изборен процес– изјави Зоран Заев претседател  на СДСМ на судскиот процес во Основен Суд Куманово по приватната тужба на Виктор Цветковски за објавување на телефонските разговори во бомбите, кога беше прашан од бранителот на  Цветковски , дали Заев знаел каква штета ќе му нанесе на Цветковски со објавување на разговорите во бомбите.

Zaev2

 Според мене тоа е  сериозна индиција дека министер за внатрешни работи има намера да ги злоупотреби со што јасно се кршат позитивни законски прописи во Македонија и се задава сериозен удар врз уставот,- изјави Заев.

“Во објавените разговори може да се утврди дека е цел на договарање, а  доколку ќе ги објавевме сите ќе имавме директен доказ , но поради  приватна природа , а водејќи се по етички стандарди одлучив дел од тие разговори да бидат процесуирани  до органите да се утврди направениот криминал-, вели Заев и додава дека е убеден дека правдата ќе биде задоволена.

Дамјан Манчевски ,  потпретседател на СДСМ , вели дека една од главните карактеристики на партијата е солидарноста и одлуката за објавување на бомите е на СДСМ.

“Ќе ја почитуваме одлуката на судот но нема одговорност за СДСМ, туку одговорноста ќе ја бараме кај оние кои ги слушнавме и имаат сторено многу злодела”.

zaev3

Виктор Цветковски вели дека , во исказите на Заев и Манчевски во основниот суд во Куманово го признале  делото.

 “Во одлуката за објавување на мои разговори стои СДСМ . Во целиот случај гледано господата од СДСМ си зедоа за право кој треба да биде сниман и кој ќе биде објавен во јавноста.

За целиот случај  во кој си земаа за право да го водат  и  да дискредитираат личности , а во овој случај дискредитацијата е насочена кон мене”- , изјави Цветковски и вели дека ќе си ја сносат правната рамка.

viktorcvetkovski

На главната расправа по приватна тужба против Зоран Заев, Мартин Костовски и СДСМ , не се појави Костовски кој според адвокатот на одбраната Мирослав Вујиќ беше службено отсутен.

Radio Bum

January 20th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *