Вести

ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА

ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА

“A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA” Ref: CB006.2.23.044

Проект: ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА (CB006.2.23.044)

Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006

Договор бр.: PD-02-29-165 / 12.07.2019 година

Фондација за развој на мали и средни претпријатија е во фаза на имплементација на ЕУ проект (меѓуграничен проект) со договор бр. PD-02-29-165 од 12.07.2019 год. и име на проектот “ТУРИЗАМ КОЈ ПРИДОНЕСУВА ЗА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО ПРЕКУГРАНИЧНИОТ РЕГИОН БУГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА” (No CB006.2.23.044) – “A CULTURE HERITAGE-FRIENDLY TOURISM IN CROSS-BORDER REGION BULGARIA – MACEDONIA”, финансиран од програмата Interreg – IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme 2014 – 2020 with CCI Number 2014TC16I5CB006.
Проектот се имплементира од страна на Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово во партнерство со Трговската комора на Ќустендил.

Целта на проектот е да се унапреди соработката меѓу регионалните актери во областа на оддржливиот туризам во прекуграничниот регион на Североисточниот дел од Р. Северна Македонија (6 општини) и областа Ќустендил од Р. Бугарија (9 општини).

Целни групи на проектот се:

• Mалите и средните претпријатија кои работат или се поврзани со туристичката индустрија во целниот прекуграничен регион (хотели и ресторани, итн.);
• Туристички агенции кои работат во целниот прекуграничен регион;
• Организации и институции кои ги извршуваат своите активности во врска со развојот на туристичката индустрија преку зачувувањето и оддржливо користење на културното наследство;
• Локалните власти кои се поврзани со развојот на туристичката индустрија.

Имплементацијата на проектот ќе ги опфати следниве активности:

• Развивање на прекугранична стратегија за туристичка средина која придонесува за културното наследство;
• Создавање на план за комуникација за промовирање на заедничката туристичка интерпретација и користење на културното наследство;

• Информативен форум и дискусија на тема “Туризам кој придонесува за културното наследство во прекуграничниот регион – предизвици и можности “;
• Семинар на тема “Активности кои придонесуваат за културното наследство во туристичкиот бизнис“;
• Привлекување на локалните власти во зајакнувањето на туристичката индустрија – признавање и ангажираност од државните и локалните власти за подобрување на средината за развој на туризам која што придонесува за културното наследство во прекуграничниот регион преку средби лице во лице;
• Пилот активности кои придонесуваат за културното наследство во туристичкиот бизнис – тематска вечер на бугарската култура во Македонија и македонската култура во Бугарија;
• Алтернативни алатки за промоција и валоризација на културното наследство во целниот прекуграничен регион – создавање на телевизиски спотови со цел да го претстават заедничкото културно наследство што го нуди прекуграничниот регион;
• Иновативни алатки за промоција и валоризација на културното наследство во целниот прекуграничен регион – развој на виртуелни тури во 10 одделни културни објекти во прекуграничниот регион;
• Прекугранична конференција во Бугарија.

Времетраење на проектот изнесува 15 месеци (12.07.2019 – 12.10.2020 година).

Веќе е креирана и дизајнирана веб страница за потреби на проектот на која може да се видат подетални информации и имплементирани активности во рамки на проектот.
Страницата може да ја најдете и да се информирате на следниот линк: www.rcku.org.mk/cultural-heritage/.

Проектот “Туризам кој придонесува културното наследство во прекуграничниот регион Бугарија – Македонија“ е финансиран од Европската Унија.

This project is co-financed by European Union through the Interreg – IPA CBC Programme
Bulgaria – The former Yugoslav Republic of Macedonia


European Union

Radio Bum

January 3rd, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *