Вести

На локалните избори на советнички листи ќе настапиме со 50 проценти на жени, а борбата ќе ја продолжиме,порачаа од форум на жени на СДСМ

На локалните избори на советнички листи ќе настапиме со 50 проценти на жени, а борбата ќе ја продолжиме,порачаа од форум на жени на СДСМ

Нема еднаквост во општеството доколку нема еднаквост помеѓу мажите и жените . Државите со повисок степен на родова еднаквост се и економски поуспешни, а владата предводена од СДСМ во програмата за работа за 2020-2024 година ја истакна својата заложба за родова еднаквост преку сузбивање на родовите стереотипи, елиминирање на родово базирано насилство, зајакнување на жените во економијата и земјоделството како и вреднување на лидерските потенцијали на жените , истакна Јасмина Георгиевска , претседателката на форумот на жените на СДСМ од Куманово на трибината ,,Предизвиците на жена претприемач”- која беше одржана на спомен Костурница во Куманово, а во организација на форум на жените на СДСМ од Куманово.
Георгиевска со порака до сите жени ,,сакам да ги охрабрам сите жени, верувајте во себе, започнете свој бизнис, едуцирајте се , вложувајте во себе , успехот е неизбежен, женското претприемништво е сила која придонесува во целокупниот развој за претприемачката сила во една држава .

Снежана Калевска Ванчева , претседателка на форумот на жените на СДСМ и пратеничка во собрание на Македонија вели дека жената да успее на пазарот на трудот и да биде успешна претприемничка треба да направи баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот.
-Во минатото не многу се правело но сега се прави, оваа влада има стратегија како заедно да изградиме похумано и просперитетно општество. А тоа е пристап на градинки и пристап за третата генерација на семејството за згрижување. Тоа се клучните пречки и ако општеството не превземе вистински политики за овие работи тогаш жената ќе мора да се откаже од своите планови и можности, истакна Ванчева.
,,Говориме за еднакви можности, еднакви сме според уставот , според законите но за жал не сме еднакви според можностите. Важно е да не ги затвараме очите и да градиме вистински политики, а тоа се мерки формирање на вистински начин, асистент за лица со посебни потреби, преку посебни програми има место под сонцето за секоја жена. Ние сме единствената партија во која кажавме вистинска родова еднаквост, ја донесовме во партијата ќе ја донесеме и во државата. Моќта е таму каде се носат одлуки, а кога заедно ќе носиме одлуки тогаш и ќе бидат најквалитетни и тогаш ќе градиме вистинско општество. Родовата еднаквост не значи демократија, но нема демократија ако нема родова еднаквост, вели Ванчева.

Сања Лукаревска, потпретседателка на СДСМ и директорка на УЈП , вели дека женската солидарност е најважна за поддршката на жената. Жената е подложна на многу повеќе критики, а по сите статистики кога жените се на позиција резултатите се повидливи, жената два пати мери а еднаш пресекува и жената не е подложна на корупција и криминал.
-Се додека во нашата држава постои придавката женско претприемништво, нашата борба не е завршена, мора да постои само претприемништво. Не постои машка и женска професија . Жените во политиката не треба да зборуваат само за добро здравје , туку треба паралелно да биднеме дел од трибини во кои ќе се зборува за поконкретни прашања за делување. И ќе се бориме да има 50 проценти квалитетен кадар на министри на жени и мажи, истакна на трибината во Куманово Сања Лукаревска.
Таа вели дека голем хендикеп е и што жената е подложна на медиумско исмевање. ,,Жените мора да се подржуваат , а резултатите ќе дојдат сами по себе , на локалните избори ќе настапиме со советнички листи со 50 проценти на жени, а борбата ќе ја продолжиме”- рече Лукаревска.

Марија Димитриевска , раководител на центар за вработување Куманово вели дека карактеристики за успешен претприемач повеќе им се препишува на мажите отколку на жените, а тоа произлегува од традиционалното сфаќање дека претприемништвото е машка работа, а жените секогаш треба да најдат време за семејството што резултира за немање поддршка од средината и намалување на довербата на жената претприемач.
,,Мојата дефиниција од програмата за самовработување, претприемништво е дека жената претприемач во Македонија верува во себе, не сака позајмици, не се плаши од неуспех и свесна е дека водењето на сопствен бизнис не значи заработка преку ноќ. Жената претприемач во Македонија порачува дека успехот доаѓа со упорност , веба и самодоверба- вели Димитриевска.

,,Меѓународните споредби покажуваат дека Македонија значително заостанува во остварување на родовата избаланираност. Статистиките покажуваат дека сме далеку од родовата избалансираност и покрај мерките кои ги нуди државата на жените претприемачи. Освен финансиската помош , државата треба да обезбеди и едукација за жените за нивните права, можности и пристап до бизнис заедницата. Голема пречка за достигнување на родова избаланисраност е културолошкото наследство, верувањата дека ако жените се преодредени да раѓаат не се преодредени и сите семејни обврски да ги носат на свој грб и кога ќе се урнат овие стереотипи индексот на родовата еднаквост ќе оди во нагорна линија, истакна Ани Пивоварова Јакимовски, адвокат по професија.

Сања Трајковска, сопственичка на слаткарница Грими вели дека е тешко да се бидне жена претприемач.
,,Како сопруга и мајка беше најважно да се постигне баланс помеѓу бизнис и семејството. Жените треба да се едуцираат и да направат здружување во организации и здруженија за да имаат поголема достапност на информации за потикнување на женското претприемништво. За нас жените невозможно не постои , жените се практични, рационални и успешни, – вели Трајковска.

Radio Bum

July 19th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *