Вести

Татко и син убиени во Слупчане

Татко и син убиени во Слупчане

Татко и син биле пронајдени мртви во автомобил кај Слупчански бунар во атар на село Слупчане.
Според информациите на МВР на 21.04.2019 година во 22.40 часот полициски службеници од Полициското одделение Матејче во атар с.Слупчане, на место викано „Слупчански бунар“, пронашле патничко возило „Опел астра“ со скопски регистарски ознаки во кое билe две лица без знаци на живот. Јавен обвинител и екипа од СВР Куманово излегле на местото и било констатирано дека непознат сторител со огнено оружје пукал во Е.С.(47) и неговиот деветгодишен син, двајцата од с.Опае. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Radio Bum

April 22nd, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *