Вести

Татко силувал ќерка во Куманово, снимал и видеата ги објавувал на интернет

Татко силувал ќерка во Куманово, снимал и видеата ги објавувал на интернет

Триесет и деветгодишен кумановец ја силувал својата малолетна ќерка, снимал со мобилен телефон и видеата ги објавувал на социјалните мрежи. Грозоморниот чин го повторувал неколку пати во периодот од мај до јуни годинава.

„Осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете, негова ќерка. Притоа ги снимал дејствијата со мобилен телефон, ги дистрибуирал направените видеа преку социјална мрежа и ги направил достапни на повеќе лица“, соопшти Јавното обвинителство во Куманово.
Заради непречено одвивање на кривичната постапка, а поради опасност од бегство и повторување на кривичното дело, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Куманово достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченот.

Предлогот на обвинителството е прифатен и со Решение на Судот на осомниченото лице му е определен притвор во траење од 30 дена.

Таткото е осомничен дека ги сторил кривичните дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и Производство и дистрибуција на детска порнографија од Кривичниот законик.

Radio Bum

July 9th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *