Вести

Спасовски : ВМРО-ДПМНЕ се ефикасни во криминал, корупција, понижување на граѓаните, пљачкање на сопствениот народ, тука нема конкуренција и таква конкуренција нема да имаат

Спасовски : ВМРО-ДПМНЕ се ефикасни во криминал, корупција, понижување на граѓаните, пљачкање на сопствениот народ, тука нема конкуренција и таква конкуренција нема да имаат

Граѓаните имаат доверба во СДСМ, затоа што СДСМ и на локално и на централно ниво во овие четири години докажа дека зборот даден пред граѓаните, важи, дека е посветена на интересите на граѓаните и државата и затоа СДСМ е неспорен фаворит на локалните избори како во Куманово, така и во сите други општини, рече потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски вечерва во Куманово на трибината „Најдоброто за нашата општина“ .
Спасовски порача дека СДСМ во овие четири години ги реализираше ветувањата дадени пред граѓаните, покажа вистинска грижа за сите граѓани, го постави и живее концептот ,,Едно општество за сите”.

– Речиси сите проекти ветени пред граѓаните на изборите во 2016 година, сега се реалзиирани. Ќе се осврнам на економскиот дел, воведовме поврат на ДДВ за граѓаните, воведовме дневна евтина тарифа на струјата, неколкукратно ја зголемивме минималната плата, 8.500 денари беше минималната плата во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, сега таа е над 15.000 денари. Платите неколкукратно се зголемени во сите сектори и во здравството, во образованието, во социјалната и детска заштита, во одбраната и полиција. Покажавме и покажуваме што значи вистинска грижа за граѓаните. Денеска во Собранието го донесовме Законот за пензионирање на 62 и 64 години, на седница на Влада го усвоивме Законот за отпис на камати на долгови, со што на 150.000 граѓани ќе им помогнеме трајно да ги затворат долговите кон јавните претпријатија“ порача Спасовски.

Спасовски на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово направи споредба на она што ВМРО-ДПМНЕ го сработило за 12 години и она што е направено за време на владеењето на СДСМ за четири години.

ВМРО-ДПМНЕ се ефикасни во криминал, корупција, понижување на граѓаните, пљачкање на сопствениот народ, тука нема конкуренција и таква конкуренција нема да имаат, нагласи Спасовски, додавајќи дека кај нив за ефикасност не може да стане збор, освен кражбата на деценијата – Скопје 2014, со жални врби и палми и стиропор.

Белата палата останува да сведочи за тој криминален и коруптивен период на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Спасовски.

За 10 години власт на ВМРО-ДПМНЕ се изградени 40 градинки во државата за 4 години владеење на СДСМ – 59, за 10 години ВМРО-ДПМНЕ реконструираше 74 училишта, СДСМ 80 училишта за 4 години, за 10 години изградија и реконструираа 650 километри магистрални, регионални и автопатишта, ние за 4 години 1040 километри, истакна Спасовски.

Ова е бројки и факти, коишто никој не може да ги побие, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ во Куманово изгради едно или две тениски игралишта од државата, од државата за Куманово во нивно време е и половина од спортска сала во земјоделското училиште и толку.

За 4 години во Куманово и околните општини во патна инфраструктура се инвестирани 121 милион евра, инвестирано е во сите регионални патишта, нагласи Спасовски, наведувајќи ги меѓудругите патниот правец Куманово – Свети Николе, изграден по 40 години, Куманово-Никуштак, Куманово – Опае, новиот пат до Белановце, после 50 години целосно е реконструиран патот до граничниот премин Пелинце, по 40 години е реконструиран Искрин мост, а почнува реконструкција на мостот во Проевце.

Спасовски истакна дека СДСМ инвестира во инфраструктурата, бидејќи добра инфраструктура е основа за добар економски развој.

Ќе продолжиме и во наредниот период Куманово да го направиме модерен град, гордост на сите Кумановци, гордост на целата држава, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на трибината на СДСМ под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Куманово.

Radio Bum

June 30th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *