Вести

Спасовски: Со пожртвуваноста на медицинските работници од денеска се вратив на работа во МВР

Спасовски: Со пожртвуваноста на медицинските работници од денеска се вратив на работа во МВР

„Денеска е мој прв работен ден во МВР после тешката битка со Ковид 19. Најважно во справувањето со болеста е одговорноста што ја имаме како граѓани и во почитување на мерките, но и вниманието кон семејството, пријателите, со почитување на мерките да покажеме дека ги почитуваме здравствените работнци. Затоа им благодарам на сите кои се ангажирани во здравствениот систем, да им помогнеме секој на свој начин, да се носи заштитна опрема, да се споделуваат информации ако некој има симптоми, да оди секој случај преку здравствениот систем затоа што пријавувањето на лекар е многу важно. Благодарам и на медииумите, сето тоа што го правите ја подигате јавната свест и сето тоа преставува помош. Апелирам сите заедно да си помогнеме и да излеземе како победници.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во „Студио 10“ на телевизија 24.

Тој на јавноста и го пренесе личното искуство во справувањето со болеста и истакна дека сепак најважна била посветеноста на лекарите, а потоа и поддршката на семејството и пријателите.

„Размислував позитивно, како да ја добијам и оваа битка, покрај другите битки во животот. Оваа битка е животно искуство, но со голема со поддршка на лекарите, на семејството на пријателите не помислував на ништо на друго освен позитивно, да се вратам на работа и да продолжам да им служам на граѓаните. Затоа најголемата поддржка треба да ја имаат лекарите кои неуморно 24 часа се посветени да го спасат сечиј живот.“- раскажа министерот која ја пренесе и сликата од Инфективната клиника во Скопје.

„Бев на Инфективната клиника во Скопје и видов посветност и пожртвуваност и тоа заслужува секаква почит. Кога имаше теории на заговор дали постоел вирусот, и сега кога ја гледаме реалноста неопходно е секој граѓанин да размисли за секој еден болничар, сестра, лекар… кои секојдневно се борат за сечиј живот и затоа сметам дека му треба поддршка на здравствениот систем. Таму видов професионалност, пожртвуваност буквално кон сите пациенти.“- рече Спасовски на телевизија 24.

Radio Bum

November 23rd, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *