Uncategorized

Реконструирана Полициската канцеларија во Старо Нагоричане, од канцеларија ќе се преименува во одделение најави министерот Спасовски

Реконструирана Полициската канцеларија во Старо Нагоричане, од канцеларија ќе се преименува во одделение најави министерот Спасовски

Полициската канцеларија во општината Старо Нагоричане е целосно реконструирана со што на вработените им се овозможени подобри услови за работа, рече денеска Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски , кој беше во официјална посета на две реконструирани полициски канцеларии во Старо Нагоричане и Ранковце.

Спасовски рече дека се градени по најсовремени стандарди и со енергетско-ефикасни материјали.
,,Со реконструкцијата променета е ПВЦ столаријата, кровната конструкција, поставено е парно греење и тоалети кои досега ги немало. Претходно целосно е завршена и фасадата.

Како што додаде Спасовски, Полициската канцеларија во Старо Нагориачне наскоро ќе го зголеми својот статус во Полициско одделение со оглед дека опфаќа голема територија каде има неколку туристички локалитети и многу викенд куќи.

– Најавувам дека во Старо Нагоричане од Полициска канцеларија ќе го смениме статусот на Полициско одделение заради тоа што имаме зголемена фрекфенција, тука се наоѓаат неколку туристички локации и локалитети, тука е и Меморијалниот центар Пелинце, Кокино опсерваторијата и многу други, зголемен број на викенд куќи, се зголемува бројот на жители генерално во општината како и фрекфенцијата на дневно ниво и токму заради тоа нашата одлука е да го подигнеме нивото на оваа Полициска станица, практично да го вратиме на ниво на кое што беше претходно, изјави Спасовски.

– Овие две полициски станици се полициски станици кои опфаќаат една огромна територија иако како општини навистина немаме нарушување на безбедносната состојба, таа е мирна и стабилна без никакви индиции дека може да биде нарушена, меѓутоа сепак беа полициски станици по приоритет кои што беа во многу лоша сосотјба, изјави Спасовски.

– Ова претставува една мотивација за сите вработени полициски службеници во овие две полициски станици, меѓутоа ова е добро и за граѓните кои што треба да ги остваруваат своите права и обврски овде во овие полициски станици, вели министерот.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

July 23rd, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *