Вести

Ослободителна пресуда за Зоран Заев и Мартин Костовски за објавените разговори во бомбите

Ослободителна пресуда за Зоран Заев и Мартин Костовски за објавените разговори во бомбите

Ослободителна пресуда за Зоран Заев и Мартин Костовски по приватната тужба на Виктор Цветковски за објавување на снимани телефонски разговори во ”Бомбите”, вака пресуди кривичниот Судски совет при основен суд Куманово.

Виктор Цветковкси , поднесе приватна кривична пријава против Заев , Костовски и СДСМ како правно лице, за неовластено снимање и објавување на снимани разговори помеѓу него и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

На снимените телефонски разговори кои беа објавени на пресс конференција во Куманово  се слуша дека Јанкуловска со Цветковски  се договараат за обезбедување гласови на ВМРО ДПМНЕ помеѓу двата круга на локални избори во 2013 година во Куманово.

Цветковски најави  дека ќе поднесат жалба за објавата и дека случајот ќе оди на повисок суд.

Radio Bum

February 20th, 2017

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *