Вести

Новинарката Александра Максимовска од МИА добитничка на годишна награда на Здружението на новинари на Македонија

Новинарката Александра Максимовска од МИА добитничка на годишна награда на Здружението на новинари на Македонија

За известување на теми од локално и регионално значење за 2020 година, новинарката Александра Максимовска од редакцијата на МИА, дописник од Куманово ја освои годишната награда од ЗНМ за сторијата „Правно невидливите лица од Куманово“.


Максимовска вели дека и е многу драго што ја добила награда, за која вели дека ќе и биде мотив повеќе за работа и изработка на повеќе новинарски стории.

,,Се заблагодарувам и на мојата редакција МИА што ни овозможува да пласираме теми, важни за секој поединец, за обичните граѓани и нивните проблеми”-, вели наградената новинарка Александра Максимовска.

Годишните награди на ЗНМ се доделуваат по повод 75-годишнината од формирањето на Здружението на новинарите на Македонија. Наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“, оваа година ја доби Александар Чомовски – Чом.
Награди добија и новинарите Решат Ибраими, Христина Ѓорѓиевска, Јасмина Јакимова, Бојан Шашевски, Емилија Петреска и Даниел Евросимоски.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

March 5th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *