Вести

Општина Куманово по втор пат објави оглас за избор на компанија за изградба на кружен тек кој ќе чини 30.508.400 денари

Општина Куманово по втор пат објави оглас за избор на компанија за изградба на кружен тек кој ќе чини 30.508.400 денари

Општина Куманово по втор пат објави јавен оглас за избор на компанија за изградба на кружен тек на крстосница помеѓу булеварите „Октомвриска револуција” и „Трета Македонска Ударна Бригада”.

Од одделението за јавни набавки соопштуваат дека проценетата вредност за изведување на градежните активности е 30.508.400 денари. Според објавата, економските оператори треба да достават дозвола за изведување на градежни активности издадена од Министерството за транспорт и врски, да имаат соодветна механизација, да располагаат со стручен и квалификуван кадар.

– Најниската цена е пресудна за избор на компанијата, стои во објавата.

Отворањето на понудите е на 11 мај оваа година во просториите на општината.

Изградбата на два кружни текови во Куманово е предвидена во развојната програма која ја изгласа Советот на една од седниците кон крајот на мината година. Покрај изградба на кружните текови, предвидено е и проширување на сообраќајните ленти, тротоарите.

Претходно, во Куманово, во 2019 година прв пат беше изграден кружен тек на влезот од градот помеѓу булеварот „Трета МУБ” и улицата „11 Октомври” за што од општинскиот буџет беа одвоени 19,7 милиони денари.

Radio Bum

April 27th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *