Вести

Медиумските работници од радио Бум јавно се откажуваат од ЗНМ

Медиумските работници од радио Бум јавно се откажуваат од ЗНМ

Медиумските работници од радио Бум јавно се откажуваме од здружението на новинари на Македонија биејќи сметаме дека работат на штета на новинарите и медиумите.

,,Бесплатни објави и огласи може да има но само на националниот сервис, а претставниците на Здружение на новинари и останатите придружни здруженија кои сакаат да станат големи уредници во медиумите, да почнат да се грижат за новинарите, а не за финансирањето на приватните медиуми. ЗНМ да си ја гледа работата за што се регистрирани, а не да водат политика со амбиции за високи позиции во власта како што имаме и примери од минатото. Барам јавен одговор колку членови ЗНМ имаат од Куманово? Дали колегите го обновиле членството кое е истечено? Колку пати ЗНМ имаат дојдено во Куманово и од што се плашат да дојдат?
Убаво беше што слушнавме дека прашувате за нас пред неколку дена , но да ви кажеме Куманово е на 30 километри од Скопје и во Куманово има новинари за кои треба да се интересирате, а не за тоа како медиумите ќе обезбедат средства.
Ако треба бесплатно да се објавуваат кампањи, ќе се вработат новинари кои ќе работат бесплатно. Дали вие , ЗНМ како здружение работите бесплатно? Колку проекти имате добиено и колку средства добивате од донаторите за проекти преку грбот на новинарите? А логично е ако велите дека медиумите ќе ги поткупи владата дали вие сте поткупени од донаторите па давате пример?
Оваа е безобразно и дрско од страна ЗНМ и јавно ќе прашам, зошто не реагираа кога се даваат субвенции на весниците? Тоа е само еден пример кој сакам да го дадам.
Членот 102 од законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, треба под итно да се смени и сите објави да можат да се наплатат од страна на медиумите затоа што нашата програма не е бесплатна, а нашите вработени на крајот на месецот ја чекаат заработената плата. Институциите , јавните претпријатија и општината имаат потреба за огласување, а за да ги објавиме треба да се платат како и сите огласувачи.
Медиумите особено локални, не бараат милиони бараме да обезбедиме плата за вработените и да имаме средства да вработиме новинари и технички персонал.
Медиумските работници од радио Бум, јавно се откажуваат од ЗНМ и се против сите нивни реакции и ставови.

Сузана Андоновиќ

Radio Bum

February 23rd, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *