Вести

Спасовски: Добро е за демократијата сите политички партии да учествуваат на изборите

Спасовски: Добро е за демократијата сите политички партии да учествуваат на изборите

,,Во нормални или вонредни услови политичкиот мегдан е пред нас, граѓаните ќе одлучат кому ќе му ја дадат довербата. Добро е за демократијата сите политички партии да учествуваат на изборите , а во оној момент кога не можат да се договорат политичките лидери одговорноста мора да ја превземат институциите на системот”- вели претседателот на Владата Оливер Спасовски.

Тој очекува дека политичките партии ќе бидат на висината на сопствената одговорност и дека ќе го покажат својот демократски капацитет за учество на изборите.

,,На седницата на советот за безбедност се донесе одлука за продолжување на вонредната состојба за 14 дена пред се за спроведување на економските мерки за можноста за носење одлуки и уредби со законска сила за имплементација на мерките и согласно за тоа изборите треба да се одржат на 5 јули. На крајот и во вонредни и нормални услови политичкиот мегдан е пред нас , а граѓаните ќе одлучат кому ќе му ја дадат довербата, изјави Спасовски во Куманово
Изборната кампања Спасовски вели дека ќе се спроведува со присуство до секој граѓанин и разговор на секоја тема што ги засега граѓаните, презентирање на програмата , социјалните мрежи и традиционалните медиуми како би имале пристап до секој граѓанин

Radio Bum

May 31st, 2020

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *