Вести

Георгиевска: Економските мерки допринесоа за раст на платите и извозот

Георгиевска: Економските мерки допринесоа за раст на платите и извозот

Економските мерки кои се спроведоа допринесоа до раст на платите и растот на извозот, вели Јасмина Георгиевска, претседателка на Форум на жени на СДСМ од Куманово.

На денешната прес конференција, таа рече дека Владата на СДСМ успешно се справува со економските предизвици кои се клучни за животот на граѓаните.

– Последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај забележуваме раст на извозот од 58,2 проценти споредено со истиот период во 2020 година, изјаив таа.

Како што додаде, се бележи раст на просечната плата, пад на невработеноста и раст на индустриското производство.

– Денес можеме да потврдиме дека имаме историска стапка на невработеност од 16 проценти, а просечната плата за месец април 2021 година е за 10 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. СДСМ заедно со коалициските партнери во Владата продолжува и во следниот период да работи одговорно и посветено се со цел да ја подобриме севкупната економска состојба во државата, изјави Георгиевска.

Radio Bum

July 9th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *