Вести

Кривична пријава за расистички материјал на Фејсбук поднесена против жител на Пелинце

Кривична пријава за расистички материјал на Фејсбук поднесена против жител на Пелинце

За објава на расистички и ксенофобичен материјал на својата фејсбук страната 43 годишен жител на Пелинце заработи кривична пријава.
Според информациите на Секторот за внатрешни работи Куманово на 22.04.2019 СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Ј. (43) од с.Пелинце, о.Старо Нагоричане поради сомнение дека сторил кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ член 394-г ст.1 од КЗ на РСМ. Делото го сторил на 21.04.2019 преку социјалната мрежа Фејсбук

Radio Bum

April 23rd, 2019

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *