Вести

За кандидат градоначалник на општина Куманово од СДСМ поднесени четири апликации

За кандидат градоначалник на општина Куманово од СДСМ поднесени четири апликации

Во СДСМ Куманово , поднесени и утврдени 4 апликации за кандидатит за градоначалник и 90 апликации за советници.

Актуелниот градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски, претседателката на советот Атина Мургашанска, пратеникот Мартин Костовски и Оливер Илиевски , директор на АД. Водостопанство, кумановско – липковско поле , се кандидатите кои поднесоа апликација за место градоначалник на општина Куманово.

,,Заврши рокот за поднесување на кандидатури, а од СДСМ Куманово утврдивме 4 кандидатури за градоначалник и 90 апликации за кандидати за советници. Како внатрепартиско раководство стоиме на ставот дека ке бидат испратени сите апликации до централата на СДСМ во Скопје каде ќе ја донесат конечната одлука за кандидат за градоначалник и советници ,кој и да биде градоначалник, секако ќе биде од редовите на СДСМ, максимално поддржан од своите сопартијци, а и од граѓаните на Куманово, затоа што ние, кумановци знаеме да го избереме најдоброто за нашата општина, вели Катерина Бошковска Пешиќ, портпарол на општинската организација на СДСМ во Куманово.

Radio Bum

July 6th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *