Вести

Спасовски: До сега доделени над 30.000 картички за патарина за српските граѓани

Спасовски: До сега доделени над 30.000 картички за патарина за српските граѓани

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска при посетата на граничниот премин „Табановце“ информираше дека до сега се поделени над 30.000 електронски картички за бесплатна патарина по коридорот 10 за српските граѓани.

– Сите српски граѓани кои транзитираат низ државата добиваат картичка. Според последните информации, веќе се поделени повеќе од 30.000. Тоа е еден добар гест на пријателство и соработка, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

МВР првично доби 65.000 електронски картички откако Владата одлучи од 15 јуни до 15 август да обезбеди бесплатен транзит за српските возила по коридорот 10. Предвидено е до крајот на рокот да се потрошат 200.000 картички.

Владата ќе потроши 2,8 милиони евра за ослободувањето на српските граѓани од патарини низ Македонија во текот на туристичката сезона. На влез во земјава тие добиваат електронска картичка на која има кредит од 760 денари, кои се доволни да се стигне од Табановце до Гевгелија и назад. Изработката чини 100 денари за картичка, односно околу 350 илјади евра вкупно.

Radio Bum

July 14th, 2021

No Comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *