Вести

Добредојде бебе промовиран во Куманово- фото-

By Radio Bum

September 05, 2017

Сите новороденчиња од денеска на акушерското одделение во Куманово ќе можат веднаш да си добијат извод од матична книга на родени. Потребната документација на родителите е само лична карта и да си имаат име за новороденчето.

Со денот на испис мајката со бебето ќе си го имаат изводот за новороденчиња, вели заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски кој денеска го промовираше проектот во Куманово.

Според изјавата на Чакаровски  откако стапи на сила одлуката  извод добиле 91 новороденче. Проектот продолжува, а стручни тимови  од управата за електронско здравство досега ги посетиле сите 17 родилишта во Македонија каде се направени обуки и тренизи со вработените.