Вести

Јавна дебата: „Женско лидерство како огледало на заедницата“

By Radio Bum

May 11, 2026

Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово организира јавна дебата на тема „Женско лидерство како огледало на заедницата“, која ќе се одржи во Занаетчиски дом – Куманово, со учество на претставнички од локалната самоуправа, жени активистки од рурални заедници, граѓански организации, јавни институции и медиуми.

Настанот има за цел да отвори суштински дијалог за учеството на жените – особено жените од руралните средини – во процесите на локално одлучување и креирање политики.

Во рамки на дебатата ќе бидат презентирани наоди и искуства од терен, кои ги отсликуваат секојдневните предизвици со кои се соочуваат жените во локалните заедници.

Во фокусот на дискусијата ќе бидат:

Претставници на локалната самоуправа и жени од локалните заедници ќе споделат искуства, предизвици и конкретни предлози за подобрување на соработката меѓу институциите и жените, со акцент на жените од руралните средини.

Оваа дебата претставува важен чекор кон зајакнување на локалното женско граѓанско учество и создавање одржливи механизми за директно вклучување на жените во процесите на донесување одлуки.

Медиумите, граѓанските организации и сите заинтересирани граѓани се поканети да присуствуваат и активно да се вклучат во дискусијата.

Јавната дебатае дел од проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници”, финансиран од Европската Унија, ко-финансиран од Шведска, а имплементиран од The Kvinna till Kvinna Foundation во партнерство со Акција Здруженска и Хуманитарното здружение „Мајка” Куманово.

Сузана Андоновиќ