Вести

Сузана Максимовска нов директор на средното училиште ,,Киро Бурназ”

By Radio Bum

March 31, 2026

За директор на Државното средно училиште Регионален центар за средно стручно образование,,Киро Бурназ” е именувана Сузана Максимовска.

Таа има долгогодишно професионално искуство како професорка токму во ова училиште,каде активно придонесува за развојот на воспитно-образовниот процес.

Во својата нова улога,Максимовска најавува јакнење на училиштето како современ и препознатлив регионален центар за средно стручно образование, унапредување на наставата, поддршка на учениците и наставниот кадар.Посебен акцент ќе биде ставен на јакнење на практичната настава и соработка со бизнис заедницата.

,,Целта е да го продолжиме патот кој го започнавме како регионален центар,да функционираме како современо,модерно,иновативно и квалитетно училиште,со атрактивни струки и профили,препознаено по својот капацитет и можностите кои ги нуди за учениците да стекнуваат знаења и вештини веднаш применливи во општеството и во реалниот живот” истакна Максимовска.

Сузана Андоновиќ