Вести

Ново поскапување на горивата: Дизелот достигна 92 денари

By Radio Bum

March 16, 2026

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за зголемување на максималните малопродажни цени на нафтените деривати, која стапува на сила од ноќеска на полноќ.

Според одлуката, бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и екстра лесното масло за домаќинство, поскапуваат за седум денари по литар, додека дизелот поскапува за шест и пол денари.

Со новите цени, Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 92 денари за литар, Еуросупер БС-95 ќе изнесува 86,50 денари, а Еуросупер БС-98 88,50 денари за литар. Цената на екстра лесното масло ќе биде 89,50 денари по литар, додека мазутот ќе се продава по 47,453 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека зголемувањето на цените е резултат на растот на берзанските цени на нафтените деривати на светските пазари, како и на порастот на курсот на американскиот долар во однос на денарот во изминатите денови.

Од Комисијата апелираат нафтените компании да ги намалат малопродажните цени за два денари по литар, согласно договорениот попуст меѓу Владата и главниот добавувач „Окта“.

Сузана Андоновиќ