Вести

Бобан Николовски е нов член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, по неколку години во највисокото раководство на партијата на претседателот Мицковски има и член од Куманово

By Radio Bum

February 06, 2026

По неколку години во Извршниот одбор на ВМРО ДПМНЕ на претседателот Христијан Мицковски има член од Куманово.

Бобан Николовски, претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ, Куманово и директор на македонската царина е член на Извршен комитет, највисоко партиско тело.

Како што кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва по завршувањето на Централниот комитет донесена е одлука за избор на нов ИК за кој кажа, „претставува спој меѓу искуството и дел од луѓето кои се веќе дел од претходните состави на ИК и нови членови кои заедно со оние кои во минатото беа дел од ИК ќе го формираат новиот Извршен комитет“.

– Овие одлуки се јасен показател дека партијата се менува, и се прилагодува на новите предизвици, нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните, нагласи Мицкоски.

Бобан Николовски, во изминатиот период покажа успешни резултати во македонската царина со највисока месечна наплата на приходи и реализирани проекти и резултати во Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, каде главниот фокус на Николовски беше обединување на членството.

Тој по изборот на Централниот Комитет на својата Фејсбук страна објави:

Постојат признанија кои не бараат аплауз, туку обврска. Изборот за член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за мене претставува баш тоа, знак дека она што го правиме има смисла и континуитет.

Благодарен сум на Претседателот Христијан Мицкоски на довербата која не се добива лесно.

Продолжувам исто како и досега, фокусирано, мирно и со вера дека политиката се гради со резултати, а не, зборови, објави Николовски.

https://www.facebook.com/photo?fbid=968555205696948&set=a.114451957773948

Сузана Андоновиќ