Според информациите од Електродистрибуција, вчера пред 23 часот дел од корисниците во градското подрачје на Куманово останаа привремено без електрична енергија. Прекинот траеше околу 20 минути и бил предизвикан од дефект на 20kV кабел.
Екипите на Електродистрибуција веднаш интервенирале и го санирале дефектот, по што снабдувањето со електрична енергија било успешно нормализирано.
Дополнително, корисниците на улицата „Пчинска“ се соочија со дефект во трафостаница, кој бил отстранет во утринските часови, информираа од Електродистрибуција.
Сузана Андоновиќ