Вести

Дете од четири години испило повеќе таблети

By Radio Bum

November 20, 2025

Дете било донесено на ургентен центар откако испило повеќе таблети, информираат од полицијата.Случајот го пријавиле лекарите.

– Ноќеска (20.11.2025) во 04:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека во Ургентен центар Куманово за укажување на лекарска помош е донесено четиригодишно годишно дете од Куманово, кое во домот испило повеќе таблети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од полицијата.

Сузана Андоновиќ