Кумановската болница ќе биде регионален центар за североисточниот дел на Македонија , со амбиции да прерасне во национален центар за проксимален фемур.
Во ЈЗУ Општа Болница Куманово, лекарите започнаа со примена на нова и современа оперативна техника наменета за третман на проксимални фрактури на бутната коска со механизам на двојна компресија, информираат од болницата.
-Нашиот тим на хирурзи, ортопеди и трауматолози е обучен за примена на оваа најнова технологија која претставува значителен напредок во третманот на трауматолошки повреди. Оваа техника претставува третман на интрамедуларни фрактури со двоен компресивен механизам и истата придонесува висока биомеханичка стабилност, оптимална компресија и најважно за пациентите, брза пост оперативна мобилизација. Оваа е само прва фаза во која ќе бидеме регионален центар за североисточниот дел на Р. Македонија , со амбиции да прераснеме во национален центар за проксимален фемур.
-ЈЗУ Општа Болница Куманово бележи континуирана посветеност кон унапредување на хируршките методи и подобрување на грижата за пациентите. Се стремиме да бидеме лидери во примената на иновативни технологии кои овозможуваат подобри резултати и поквалитетен живот на пациентите, информира Сашо Стошевски, директор на општа болница Куманово.
Сузана Андоновиќ