Вести

Загина младо момче од Доброшане во сообраќајна несреќа

By Radio Bum

June 04, 2025

Од Секторот за внатрешни работи потврдија дека дваесет годишно момче од Доброшане, загина откако изгубил контрола на мотор и удрил во бетонски столб.

Несреќата се случила синоќка на 03.06.2025 околу 21.00 часот на локален пат од  с.Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе.

Мотоциклистот, М.П.(20) од с.Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „бмв“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт  констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.     

Сузана Андоновиќ