Вести

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

By Radio Bum

April 25, 2025

Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја, извести денеска премиерот Христијан Мицкоски.

„Наскоро со конкретната примена на одлуката за без визното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина“, вели Мицкоски.

Сузана Андоновиќ