Вести

Маскирани насилници вчера на автобуска постојка нападнале ученици кои чекале автобус кај Серава

By Radio Bum

December 03, 2024

 

Според информациите на децата кои биле во близина на настанот , маскираните лица дошле до децата и почнале да ги навредуваат со пцовки по што ги нападнале, а едно од децата кое стоело оделно било удрено со тврд предмет во пределот на главата.

По нападот маскираните насилници побегнале.

Од полицијата го потврдија настанот со соопштение .

На  02.12.2024 во 21.25 часот во СВР Куманово, Т.А.(43) од Куманово пријавил дека на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, неговиот малолетен син и неговите пријатели биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сузана Андоновиќ