Вести

Вооружен напад и грабеж пред влезот во населба Карпош во Куманово

By Radio Bum

March 15, 2024

Вечерва се случил вооружен грабеж на патот кон населбата Карпош во Куманово. Според информациите на полицијата , напаѓачите биле со џип Ренџ ровер, со кој прво удриле во автомобил Пасат кој го управувал С.С. 63 годишен од Куманово, потоа пукале кон возачот и му одзеле торба со пари. Нема информации во каква состојба е нападнатиот кумановец, ниту за напаѓачите.

Сузана Андоновиќ