Вести

Брат убил сестра и внук во Габреш, едно лице е рането

By Radio Bum

February 21, 2024

Две лица се убиени, а едно е рането, откако 66-годишен жител на кумановското село Габреш пукал во неговата сестра и нејзините синови. Според информациите на полицијата мотивот за убиството се нерасчистени имотни односи, инцидентот се случил околу 12:25 во селото Габреш.

– На 21.02.2024 година во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д.Ѓ. (66) затоа што во село Габреш,кумановско  поради нерасчистени имотно правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д.Р.(63), и нејзините синови Ж.Р.(36) и Т.Р.(38), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д.Р. и Т.Р., додека Ж.Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово.

Ранетото лице е пренесено на скопските клиники. Увидот е во тек.

Сузана Андоновиќ