Вести

Рачна бомба пронајдена во двор во Ајдучка Чешма

By Radio Bum

December 19, 2023

Неексплодирана рачна бомба од Втората светска војна била пронајдена во двор во кумановската населба Ајдучка Чешма.

– На 18.12.2023 во 10.39 часот во СВР Куманово, А.М. пријавил дека во неговиот двор во населба Ајдучка чешма во Куманово пронашол неексплодирана рачна бомба од Втора светска војна, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Екипа од СВР Куманово извршила увид, а гранатaтa билa безбедно подигнатa од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.

Сузана Андоновиќ